24. 12. 2009 09:30

Промовирана книгата "Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните"

Промовирана книгата "Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните"

 Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" синоќа беше промовирана книгата "Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните" од авторите Жаклина Митевска и Ташко Јованов.


 "Се работи за монографско дело во кое се изнесени сеќавањата на учесниците во граѓанската борба во Грција од 1946 до 1949 година. Во книгата се опишуваат 75 човекои судбини, тоа се искази на преживеани, уште живи луѓе. Меѓу нив 15 се деца, а останатите се борци. Тоа што е заедничко за сите нив е што во времето кога се бореле за слободата на македонскиот народ во демократска Грција, сметале дека се на вистинскиот пат, но подоцна сфатиле дека се заведени од грчката Комунистичка партија за правата на Македонците"- рече промоторот на книгата Сократ Пановски.

Издавањето на книгата "Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните" се совпаѓа со 60 години од прогонството на Македонците од Егејскиот дел за време на Граѓанската војна во Грција.

Авторот Ташко Јованов и самиот дете бегалец од селото Сетина, Леринско.Во Граѓанската војна заедно со мајка му и братот биле прогонети од родното огниште.

Промовирана книгата "Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните"

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk