Регионален натпревар за лица со оштетен вид
27.09.2014 12:24
| KumanovoNews
Во салата на основно училиште “11 октомври“ утре во 11 часот ќе се одржи регионален натпревар за лицата со оштетен вид, кој го организира Здружение на слепи лица Куманово, а под покровителство на Национален сојуз на слепите на Република Македонија.

Екипи од Куманово, Кочани, Свети Николе и Скопје ќе се натпреваруваат во специјална игра за слепи со звучна топка. На регионалниот натпревар ќе има 27 учесници од наведените градови.
И во другите региони во земјата истовремено се одржуваат натпревари, а најдобрите на 15 октомври ќе учествуваат на државен натпревар во Крива Паланка.