Реизбран претседателот на ЛИДЕМ
Александар Краљевски е реизбран за претседател на Либерално демократската младина во Куманово, на вчерашното изборно собрание на младите.

Краљевски едногласно ја доби довербата на сопартијците, и со новото раководство ќе ги предводи младите и во наредните 2 години.
Во изминативе 2 години, ЛИДЕМ се наметна како партиски подмладок кој работи за модернизирање на Куманово и изобилува со модерни идеи, корисни за граѓаните на овој град, а особено за младите. Пример за тоа се предлозите за wи-fи зоните, како и лизгалиштето, кои благодарение на градоначалникот и Светот на Општината, денеска се реалност. Либерално демократската младина и понатаму ќе продолжи со својата работа и ја користам оваа прилика да испратам апел, дека нашата врата е отворена за сите млади луѓе кои што ја препознаваат вистинската либерална вредност- изјави Краљевски.