22. 10. 2020 20:38

Рекордни 43 новозаболени од коронавирус во Куманово, 640 во државата

Рекордни 43 новозаболени од коронавирус во Куманово, 640 во државата

 Се зголемува бројот на новозаразените од корона во Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Денеска се регистрирани рекордни 43 нови слуачи.

Во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 272, Куманово 43, Прилеп, Кавадарци и Тетово 41, Охрид и Струмица 24, Кочани 20 и др.

Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64), еден пациент од Прилеп (73), еден од Штип (72) и еден пациент од Струмица (85). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од:Скопје 71, Куманово 5, Штип 7, Тетово 10 и др.

Досега во земјата се направени вкупно 229.246 тестирања на ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25473, бројката на оздравени пациенти е 18047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk