“Рома труба фест“ по девети пат
На Градскиот плоштад Куманово во четврток во 19 часот ќе се одржи “Рома труба фест 2014“.
Гости на вечерта ќе бидат кинг Ферус Мустафов и македонската ѕвезда Татијана Стефановска. Гости од Србија се: оркестар “Бојан Ристиќ“ од Владичин Хан, “Милан Доња Николиќ„ од Грделица и “Синиша Станковиќ“ од Загужање. Ревијално ќе настапат оркестрите “Агушеви Џамбо“ и “Млади Агушеви“ од Струмица, “Уска Кан Кантуров“ од Берово и “Сергин Дурмишев“ од Штип.
“Рома труба фест 2014“ го организира ансамбал на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир“ под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и со поддршка од Министерството за култура.