×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Руле Турс“ со хуманитарна акција за “Порака наша“

    26.09.2014 09:52 | KumanovoNews

    Компанијата „Руле Турс“ утревечер во ноќниот клуб Лолипоп организира хуманитарна забава, под мотото “Подај рака“. Сретствата од забавата ќе бидат наменети за потребите на лицата со интелектуална попреченост во центарот “Порака наша“.

    „Руле Турс“ со хуманитарна акција за “Порака наша“

    Од „Руле Турс“, велат дека како општествено одговорна компанија, веднаш по нивното доаѓање во Куманово, одлучиле да обезбедат помош за некоја од социјално најранливите категории на граѓани.

    Во разговор со наши пријатели дознавме дека најдобро ќе биде да се помогне на Центарот „Порака Наша“, кој нема постојан извор на финсирање. Многу брзо, воспоставивме контакт со луѓето кои го водат ова здружение и се договоривме за соработката. Бидејќи наши клиенти и целна група се младите, кои секојдневно ги користат нашите услугите на релацијата Скопје- Куманово, водевме сметка и за нив да приредиме едно изненадување на почетокот на учебната и на академската година. Затоа одлучивме да организиравме хуманитарна журка, а како гост на вечерта да го ангажираме Тајзи, бидејќи е од Куманово и многу е популарен меѓу младите, - изјави Трајче Трајковски од “Руле Турс“.

    Тој ги повикува младите кумановци што помасовно да дојдат на забавата и да дадат свој придонес во прибирање на сретства за корисниците на услугите на Центарот. Цената на влезниците е симболична и изнесува само 100 денари. Пораката на забавата е “Нашето малку, за нив многу“. На забавата покрај Тајзи, музика ќе пушта DJ BRANCHEZ.