Шарено јајце во Куманово
12.04.2012 13:06
| KumanovoNews
На традиционалната манифестација "Шарено јајце", денеска во Центарот за култура во Куманово, беше прогласено најубавото велигденско јајце.
На конкурсот учествуваа ученици од кумановските училишта кои конкурираа со поединечни и групни дела.
Победи Викторија Стојановска, V1 одд. ОУ “Битолски Конгрес“ с. Лопате, награда за колекција добија учениците од - III а,б,в,г и IV а,б,в,г одд. ОУ “Крсте Мисирков“ Куманово.
За наградените организаторите обезбедија и поделија дипломи, пофалници и скромни подароци.