×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сашко Митовски кандидат на СДСМ за градоначалник на Крива Паланка за втор мандат

    02.06.2025 14:08 | KumanovoNews

    Актуелниот градоначалник на Крива Паланка Сашко Митовски и официјално е кандидат кој ќе трча за нов мандат на локалните избори во октомври.

    Сашко Митовски кандидат на СДСМ за градоначалник на Крива Паланка за втор мандат

    Тој беше промовиран на партиска трибина од лидерто Венко Филипче, со образложение дека треба да ја води општинатата уште еден мандат затоа што е видлива големата трансформација во последните неколку години.

    „Крива Паланка е пример како се води град, како се слушаат граѓаните и како се создава модерна, развиена и европска општина. Во изминатите 3,5 години, во градот се реконструирани над 50 улици, изградени се нови водоводи и канализации, како и 12 нови детски катчиња, со план за уште 5. Уредени се јавни површини, мостови, пешачки патеки, речни корита, а целосно е променет ликот на градскиот кеј. Крива Паланка денес има нов Генерален урбанистички план по речиси 40 години, и првпат функционален модел за долгорочен развој. Сега не е време за експерименти. Сега е време за заштита на сè што сме изградиле и за силен нов чекор напред. Да го направиме вистинскиот избор – избор за труд, за иднина, за достоинство. Да не чекаме – туку уште вечерва, сплотени и обединети, да се вградиме во процесот што ќе значи убедлива победа. Победа што нема да биде ничија лична – туку победа на секој еден граѓанин што верува во правда, во работа и во иднина“, порача Сашко Митовски.

    Тој нагласи дека општинскиот буџет е реализиран 100 проценти, но дека продолжуваат со спроведување на низа капитални проекти.