×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се оддржа настанот „Превземи акција за евроинтеграција“

    02.07.2013 08:58 | KumanovoNews

    Улична акција под мотото „Превземи акција за евроинтеграција“ синоќа се оддржа на Градскиот плоштад.

    Се оддржа настанот „Превземи акција за евроинтеграција“

    Младите од Клубот на оратори, од Либерално Демократската Младина од Куманово и од ЏЕФ Македонија ги потсетија граѓаните дека осум години имаме статус кандидат, а евроинтеграциите на земјава стојат во место.

    Денес, кога сите ЏЕФ секции во ЕУ и посакуваат добредојде на Хрватска во европското семејство, ние сакаме да покажеме дека нашата европска иднина е замрзната. Потребно е секој од нас да побара и придонесе кон нашата заедничка цел, влезот во ЕУ. Ние не бегаме од нашата реалност, но не сакаме да се помириме со истата – изјави Ивана Јордановска, претседател на Млади Европски Федералисти – ЏЕФ Македонија.

    Со звуците на Европската химна, Одата на Радоста, младите активисти симболично се „скаменија“, за да ја доловат нашата европска ситуација.

    Со оваа акција, сакаме да испратиме порака дека ЕУ, наместо поблиску, секој нареден ден е се подалеку од Македонија, но она што е пострашно е што европските примери и принципи ни стануваат недостижни. Од целото тоа замрзнување на патот кон Европа најмногу штета имаат младите, а тие најмалку се виновни за ваквата состојба во која се наоѓаат – рече Филип Јаневиќ од ЛиДеМ.

    Од Клубот на оратори порачаа дека без разлика на пречките, Македонија мора да се труди да биде дел од европското семејство.

    Настанот е поддржан од Општина Куманово.