Се поправаат скалите пред Културен дом
21.04.2011 09:37
| KumanovoNews
Скалите од улицата пред поранешна Народна банка, кои водат кон малиот плоштад, пред Центарот за култура деновиве се поправаат.

Целосно се избетонирани, а направена е и патека за инвалидизирани лица. Најверојатно преку нив ќе бидат вратени старите мермерни плочи. Граѓаните ја поздравуваат работата, но се прашуваат дали поправката ја донесе пролетта или изборите. Како и да е, ќе добиеме нови скали.