×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум милиони денари за реконструкција на Соколана ќе обезбеди Владата

    28.10.2020 07:18 | KumanovoNews

    Со ребалансот на буџетот Владата ќе обезбеди 7 милиони денари за отпочнување на реконструкцијата на спортската сала Соколана во Куманово. Одлуката е донесена на вчерашната седница.

    Седум милиони денари за реконструкција на Соколана ќе обезбеди Владата

    - Владата со новиот ребаланс ќе пренамени 7 милиони денари за реконструкција на спортскиот комплекс Соколана во Куманово. После долгогодишното уништување, овој спортски комплекс ќе биде реконструиран и реновиран, за повторно да ги отвори вратите за нови спортски настани и успеси, - објави министерот Оливер Спасовски.

    Со овие средства ќе се санира статиката на објектот за да се спречи распаѓањето и нејзиното рушење, како и да се реконструира кровот, а Оптината ќе обезбеди дополнителни сретства за нејзина целосно обновување, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

    - Сакам да се заблагодарам на Владата и нејзините членови за оваа финансиска поддршка која е исклучително битна за сите граѓани на Куманово, особено за оние генерации кои израснаа во овој уникатен спортски комплекс. Во следниот општински буџет за 2021 година заедно со Советот ќе предвидиме дополнителни средства за целосна реконструкција на Соколана за да и го вратиме стариот сјај, повеќе никогаш нема да дозволиме овој објект од негрижа и лоши лукративни политички и бизнис одлуки да биде предмет на уништување и распаѓање, - додаде Димитриевски.

    Владата пред неколку месеци ги врати во владение на Општина Куманово големите спортски објекти и тоа  Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.