Син ги претепал родителите со стап
        20.06.2013 13:29
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Син ги претепал родителите заради нерасчистени имотно-правни односи.
                  И.Д.(40) од селото Бајловце синоќа околу 23.30 часот заминал во куќата на неговите родители и насилно ја отворил влезната врата. Додека старците М.Д.(59) и Д.Д.(65) спиеле, тој започнал расправија заради нерасчистени имотно-правни односи. Потоа земал дрвен стап и почнал да ги тепа родителите. Од ударите на таткото му нанел тешка повреда на грбот, а ја повредил и мајката. Двајцата старци се пренесени во Кумановската болница каде им е укажана лекарска помош.
Полицијата работи на расчистување на случајот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



