Сообраќајот во регионот отежнат
        29.01.2012 16:17
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Сообраќајот на локалните патишта во општина Куманово се одвива во зимски услови со теренски моторни возила.
Магистралните патни правци во овој регион, кон селото Војник, Свети Николе и граничниот премин Пелинце, како и регионалните патни правци кон Страцин-Крива Паланка се проодни, а собраќајот се одвива во зимски улсови.
Во општина Липково населените места од низинскиот дел на општината се проодни и чисти, додека населените места од планинскиот дел се непроодни.
Во општина Старо Нагоричане, локалните патни правци се проодни, но на повисоките места патиштата се проодни само за теренски возила.


 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





