Состанок на локален совет за превенција
15.07.2014 12:07
| KumanovoNews
Општината Куманово во соработка со Одделението за превенција при СВР Куманово организираат состанок на Локалниот совет за превенција.
На состанокот ќе се разговара за кражби со елементи на насилство, детско претстапништво и безбедност во сообраќајот.
Состанокот ќе се одржи во петок, во салата за состаноци во зградата на Општина Куманово, со почеток во 12,00 часот.
На состанокот, покрај членовите – претставниците на Локалниот совет за превенција, заради темите и потребата од соработка, поканети се да присуствуваат и претставници на јавните претпријатија „Чистота и зеленило„, „Водовод„, „Куманово – паркинг„, ТППЕ Куманово и Шумска полиција.

