×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски и Стојчевски носители, Костовски и Петрушевски на добитни места на пратеничките листи во „двојка“

    26.03.2024 08:42 | Сузана Николиќ

    Оливер Спасовски од СДСМ и Даниел Стојчевски од ЗНАМ, двајцата кумановци, ќе си ги одмерат силите како носители на листите за пратеници во втората изборна идиница. 

    Спасовски и Стојчевски носители, Костовски и Петрушевски на добитни места на пратеничките листи во „двојка“

    Тие треба да повлечат најмногу гласови од граѓаните и да освојат што повеќе пратенички места во новиот состав на Собранието, од што ќе зависи и кој ќе биде на власт во наредните 4 години.  

    Втората изборна единица гласаат граѓаните од Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Бутел, Шуто Оризари, Чучер Сандево и Арачиново.

    Во дел од партиските штабови велат дека уште не се завршени листите, но според она што досега е познато и може да се дознае од партиски извори, на листите се ставени докажани политичари кои биле пратеници и во предхониот состав и со својата работа си го заслужиле местото, коалициски партнери, но и нови имиња кои за првпат ќе седнат во пратеничката фотеља. 

    Од СДСМ покрај Спасовски на листата во „двојка“ на четврто место е позициониран досегашниот пратеник Мартин Костовски, на 8 место е секретарот на општинската организација Весна Трајковски и на 9 место коалицискиот партнер од Српската партија Мирослав Јовановиќ. 

    Од ВМРО-ДПМНЕ носител на листата е Владо Мисајловски, а од партијата велат дека конечната листа ќе биде позната во четврток. Од ОК на Куманово испратиле 6 предлози, три жени и тројца мажи.

    Но неофицијално, одлуката веќе донесена и на листата ќе се најдат досегашниот пратеник Бране Петрушевски и претседателот на комитетот Бобан Николовски, како и коалицискиот партнер од ДПСМ Иван Стоилковиќ. Сите ќе бидат позиционирани до 8 место. 

    И од партијата ЗНАМ велат дека и кај нив уште не утврдена листата и ќе биде познати до крајот на неделата, а кандидатите ќе се изберат од 20-тината предлози кои биле дадени на извршниот одбор. Но, покрај носителот Стојчевски, неофицијално, високо позициониран ќе биде и Ненад Стојановски, раководител во секторот за даноци во Општина Куманово.
     
    Партијата Левица, ДУИ и блокот на опозициски партии на Албанците уште немаат истакнато листи за пратеници.