×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средба на генерации борци во Пелинце

    06.10.2013 08:32 | KumanovoNews

    По повод 11 Октомври во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце денеска се оддржа Средба на генерации борци од дваесетина боречки здруженија од Македонија, претставници од АРМ и пензионери.

    Средба на генерации борци во Пелинце

    При тоа положија свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, ја разгледаа поставката и мозаикот, за кои кустосот Јасмина Глигоровска им даде подетални информации. Присутните ги поздрави раководителот на секторот за култура и спорт во Општина Куманово, Жика Крстевски.

    Куманово и околината имаат значајно место во историјата на Македонија. Куманово е град кој даде 8 народни херои од Република Македонија на Југославија. За жал и последниот народен херој, нашата сограѓанка Мара Нацева почина пред неколку месеци. Тоа е природно и затоа се тука поддржувачите на дел од борците од НОАВМ. Структурата на власта во Општина Куманово непоколебливо стои и ја поддржува во сите активности боречката организација за да го сочуваме и величиме она што вие го направивте за Република Македонија - изјави Крстевски.

    Борците говореа за важноста на 11 Октомври, за АСНОМ, за тоа дека младите генерации треба историјата да не ја доживуваат како приватност на борците, туку да ја прифатат како своја.

     Догодина ќе бидат 70 години од АСНОМ. Овдека, односно во манастирот Прохор Пчињски е промовирана новата држава на Балканот. Од тој миг кога е промовирана асномска Македонија, ништо и во амбиентот и во просторот и на политичката сцена не е исто како што било и ден пред тоа. Од тој миг Бугарите се окупатори на државна територија на Македонија. Никој нека не мисли дека ние сме до таа мера закопани во минатото да не можеме да видиме што денес се случува. Ние сакаме народот да си ја прифати сопствената, а не нашата историја - рече генерал Тодор Атанасовски од Сојуз на борци од НОАВМ 1941 - 1945.

    Атанасовски вели дека поуките и искуството од тоа време треба да ги користиме и денес.

    На Средбата на генерациите имаше борци од Прилеп, Битола, Охрид, Струмица, Радовиш, Штип, Велес, Крива Паланка, Скопје и други градови.