Средношколскиот пленум од септември ќе делува порадикално
Од Средношколскиот пленум од Куманово највуваат дека во новата учебна година ќе бидат порадикални и ќе бараат укинување на екстерно тестирање, електронски дел од матура и да се укинат казни за ученици и наставници.

Откако ќе помине распустот и летните одмори, ќе настапат порадикално со цел исполнување на нивните барања.
“Досега најактивни беа учениците од Скопје и Куманово. При крај на јули и почеток на август ќе одржиме состанок, да одлучиме што понатаму и ќе се трудиме да ги анимираме и учениците од другите градови. Нема веќе да им даваме рокови од 5 или 7 дена на институциите, за да видат дека сме сериозни во нашите намери. Тие ништо не исполнија, освен укинување на математика “- велат од Средношколски пленум Куманово.
Својот револт учениците се очекува да го изразат преку бојкот и протести.