Српски туристи ја “закочија“ патарина Романовце
        01.07.2013 10:36
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Голем метеж од возила утринава има на патарината Романовце поради што патниците чекаат и по 20 минути.
                  Се работи за српски туристи кои се упатуваат кон граничен премин Богородица. Тој застој е актуелен последниве два часа. Имаше и едно расипано возило во колоната, но тоа е подигнато - велат од Авто Мото Сојузот на Македонија.
Викендов состојбата на граничните премини беше нормална без некоја зголемена фреквенција и чекање за влез и излез од земјава.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



