Мени

Свечено отворен продажниот салон на Kave Home претставен од Flex Home во Македонија:Шпанскиот премиум бренд за внатрешен дизајн пристигна во Скопје

21.09.2026 12:49 | KumanovoNews

Деловниот екосистем на Flex Group го означи почетокот на ново поглавје во својот развој со официјалното отворање на првиот продажен салон на интернационалниот бренд за мебел и декор Kave Home во Македонија.

Свечено отворен продажниот салон на Kave Home претставен од Flex Home во Македонија:Шпанскиот премиум бренд за внатрешен дизајн пристигна во Скопје

Деловниот екосистем на Flex Group го означи почетокот на ново поглавје во својот развој со официјалното отворање на првиот продажен салон на интернационалниот бренд за мебел и декор Kave Home во Македонија.

 Со оваа стратешка инвестиција, групацијата влегува во секторот за софистициран внатрешен дизајн, носејќи ги светските трендови директно на домашниот пазар.  Основан во Шпанија во 2019 година и присутен во над 80 земји ширум светот, по само 7 години го отвора својот прв продажен салон во Македонија. Kave Home е препознатлив по својот медитерански пристап кон ентериерот – топли материјали, природни текстури и безвременски форми кои овозможуваат совршен баланс помеѓу дизајнот, комфорот и функционалноста. Колекциите опфаќаат целосни решенија за секој агол од домот и деловниот простор, вклучувајќи мебел, осветлување, декорација и современи решенија за дворот и градината. 

За раководството на Flex Group, овој чекор е дел од пошироката визија за градење одржливи брендови кои поставуваат нови пазарни стандарди.  

„Овој чекор е уште еден доказ за нашата јасна стратешка определба – Flex Group да не биде само финансиски систем, туку сеопфатен деловен екосистем кој ја креира и унапредува секојдневната деловна и животна реалност. Како што преку дигитализацијата на Flex Pay и осигурителните решенија на Flex Broker ги редефинираме стандардите во индустријата, така и со Kave Home ја зацврстуваме нашата визија за одржлив раст во нови сектори. Нашата цел останува иста: да градиме брендови кои носат долгорочна вредност, негуваат одговорност кон заедницата и ги поставуваат стандардите на иднината,“ изјави Горан Арсов, генерален директор на Flex Group.

Новиот салон носи современо шопинг искуство за корисниците, засновано врз концептот на луксуз достапен за сите и дигитална иновација. „Голема чест ми е да ве пречекам во новиот дом на еден од најбрзо растечките брендови за мебел во Европа. За сите нас зад FlexHome , главниот предизвик беше на нашиот пазар конечно да му понудиме нов концепт , каде што врвната естетика и квалитетот стануваат реалност. Kave Home е посебен по тоа што посветува огромно внимание на одржливоста преку користење на рециклирани материјали и еколошки сертифицирано дрво. Дополнително, преку нашиот интерактивен дигитален каталог, клиентите имаат пристап до комплетната европска колекција и сите спецификации, овозможувајќи целосна слобода во уредувањето на нивниот простор,“ истакна Владимир Стојанов, раководител на продажниот салон на Kave Home, во своето обраќање пред архитектите, дизајнерите на ентериер, новинарите, инфлуенсерите, и пријателите и соработници на Групацијата кои беа дел од настанот со шпански шмек.

Новиот продажен салон на Kave Home (ул. Интернационални бригади бр. 15, Скопје) е официјално отворен за сите посетители, а повеќе детали за колекциите се достапни на официјалните Facebook и Instagram страници на брендот.

(ПР-текст)