Тепачка пред кафе-бар во Куманово
11.01.2020 14:52
| KumanovoNews
Ноќеска во еден часот по полноќ, Д.Н. пријавил дека пред кафе бар во Куманово физички било нападнато едно лице.

По пријавеното нарушување на јавниот ред и мир, полицијата излегла на лице место каде бил затекнат В.С (29) од с. Лопате, кој изјавил дека бил физички нападнат од Б.Ф (32) од Куманово. Се работи на расчистување на случајот.