×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Турнир во бокс помеѓу репрезентативци од Македонија и Србија

    16.05.2025 18:48 | KumanovoNews

    Во спортската сала на основното училиште „Христијан Карпош“, во населбата „Перо Чичо“ утре во 17 часот ќе започне пријателски двомеч меѓу боксерските репрезентации на Македонија и Србија.

    Турнир во бокс помеѓу репрезентативци од Македонија и Србија

    Мечевите ќе се играат во три категории, кадети, јуниори и младинцисе , а ќе имаат ревијален карактер.

    „Изберени се најдобрите боксери, репрезентациите на Македонија и Србија ќе се соочат во 18 различни борби. Меѓу нив ќе има и двајца кумановци, во кадетска категорија ќе настапи Џан Биљали и младинецот Јоаким Јовановски“, истакна тренерот на БК Куманово, Самет Салиевски.

    На сите учесници на турнирот ќе им бидат поделени благодарници, во знак на добрата соработка меѓу двете боксерски федерации.

    Турнирот се организира со сопствени средства на Боксерскиот клуб „Куманово- 84“, со поддршка на Боксерските федерации на Македонија и Србија.