×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ноќеска наврнаа 12 литри дожд на метар квадратен

    16.05.2025 09:18 | KumanovoNews

     Во текот на ноќта во Куманово наврна 12 литри дожд на метар квадратен.

    Во Куманово ноќеска наврнаа 12 литри дожд на метар квадратен

    Најмногу дожд падна на Попова Шапка 27л/м2,  Крушево и Пожаране 26л/м2,, 22 Маврови Анови, 20 Тетово, 18 Скопје-
    Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Пожар-Радовиш, 13 Лазарополе, Претор, Гевгелија, 12 Берово, Велес, Куманово, 11 Крива Паланка, Прилеп, 10 Битола, Виница, Струмица, 9 Охрид, Штип, 7 Кавадарци, 6 Демир Капија.

    „Времето денска ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни и до крајот на денот ќе наврне над 30 l/m 2 . Кон крајот на денот на повисоките планини на северозапад ќе има услови врнежите од дожд да преминат во повремен слаб снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југоисточен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h)“, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 15 степени.

    Во Скопје, oблачно и свежо со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.