Турски државјанин ограбен на автопатот Табановце – Куманово
05.07.2019 10:34
| KumanovoNews
М.Ш.К.(22) од Република Турција, пријавил дека вчера околу 17 часот, бил ограбен на автопатот Табановце – Куманово.

Разбојништвото се случило во близина на бензиската пумпа, кога две непознати лица физички го нападнале и му одзеле ранце во кој имал пари и лични документи, по што побегнале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.