Уапсен кумановец баран по потерница
16.04.2015 12:23
| KumanovoNews
Р.А.(50) од кумановското село Лопате, вчера во 23.15 часот е уапсен на граничниот премин Долно Блаце, додека се обидувал да влезе во државата.

Тој се бара по телеграма под сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствије“. Р.А. е приведен и предаден на надлежните органи за понатамошна постапка.