×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УМС бара надлежните да го отстранат билбордот на Зоран Заев од центарот на градот

    27.09.2022 13:03 | Оливера Пешевска

    Унијата на млaди сили (УМС) на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, денеска ги повика надлежните во Општината да го отстранат билбордот на Зоран Заев, кој од парламентарните избори од пред две години стои во центарот на Куманово.

    УМС бара надлежните да го отстранат билбордот на Зоран Заев од центарот на градот

    „Денес сме пред билбордот, чиј лик кај нас младите кумановци предизвикува се она што како чувство еден млад човек не сака да го доживее. Секој поглед кон оваа личност во центарот на градот, буди огорченост, одбивност, апатија, а предизвикува чувство на немир и безнадежност. Младите не сакаат да го гледаат најголемото зло во Македонската историја, најголемиот предавник во историјата на Македонија и македонскиот народ, а особено на младите од нашата држава и посебно Куманово“, изјави Иван Димитриевски, претседател на УМС Куманово.

    Тој смета дека поради предавничките политики на Зоран Заев, младината масовно си заминува затоа што
    образованието е руинирано, здравството уништено, невработеноста висока како никогаш до сега,
    корупцијата пуштена на најјако. 

    „И додека секојдневно младите без надеж, без верба за подобро утре зминуваат масовно, Зоран Заев по 24 часа на ден им се смее в лице на кумановци. Се повеќе наши сограѓани немаат средства да врзат крај со крај, а само возниот парк на овој човек на се мери во милиони. Фамилии од Куманово спасот го бараат по градските канти, а фамилијата на Заев не знае колку фабрики за производство на марихуана има и дома јадат со златни прибори за јадење. Политиките кои ги спроведоа со неговата дружина, почнувајќи од земјоделието, дипломатијата и судството, ја доведоа Македонија до економска катаклизма, а тој пак стои тука гордо насмеан на своите реформи. Младите поради лошите политики беа принудени да одат во странство на печалба и го гледаа најефтиниот билет, додека ќерката на Заев разгледува авио-билети до егзотични дестинации. Додека Македонците не знаат како ќе го поминат месецот, кланот Заеви организираат мега забави. Додека просечниот македонски средношколец оди на училиште и денот го поминува со помалку од 100 денари, синот на Заев регистрира фирма за електрична енергија која чини илјадници евра. Додека Македонија живее во енергетска неизвесност и закана од тотален мрак, Вице Заев изнудува рекет од фирма која врши ископ на јаглен. Фамилијата Заеви неколкукратно го зголеми своето богатство на грбот на осиромашениот Македонец“, кажа Димитриевски.