×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре ќе се одржи јавна расправа за задолжување на Општина Куманово

    23.09.2020 11:38 | KumanovoNews

     Во големата сала во зградата на Комитет, утре со почеток во 10 часот, ќе се одржи јавната расправа за задолжување на Општина Куманово.

    Утре ќе се одржи јавна расправа за задолжување на Општина Куманово

    Општината планира да подигне кредит во висина од 63.754.712 денари или 1 милион евра кај Светската банка за обнова и развој, заради купување на механизација за јавните претпријатија.

    „Се повикуваат сите заинтерeсирани граѓани и други заинтересирани субјекти, како и претставниците на јавните претпријатија во Општина Куманово да се вклучат во јавната расправа со свои ставови и мислења за Нацрт – одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Куманово во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2). Усната јавна расправа ќе се оддржи на ден 24 септември 2020 година со почеток во 10.00 часот во големата сала во Комитет- Куманово, - објави Општината.

    Согласно законот Советот го одобрува задолжување на Општината по предходно оддржана јавна расправа, на која се опишува проектот и се објаснуваат условите за негово финасирање, а граѓаните и стручната јавност се изјаснуваат за неговата издржаност.

    Кредитот е со каматна стапка од 1 отсто, враќањето е на 13 години, со грејс период од 3 години.