“Вечера за глупаци“ ќе игра во Приштина
02.10.2014 07:41
| KumanovoNews
Претставата “Вечера за глупаци“, проект на театар Куманово на албански јазик, на 6 октомври ќе гостува во Приштина.

Претставата е во режија на Димитар Еленов од Бугарија, а е работена по текст на Франсис Вебер. Во неа учествува целиот ансамбл на албанскиот театар, а гости се Флора Кадриу, Амернис Нокшиќи и Исмаил Касуми.
Претходно претставата беше прикажана во Тетово.