“Вечера за глупаци“ на театарски фестивал во Тетово
26.09.2014 07:35
| KumanovoNews
Претставата “Вечера за глупаци“ на албански јазик вечерва во 20 часот ќе игра во тетовскиот театар.

Со овој проект на кумановскиот театар ќе биде отворен "Фестивалот на тетовски театар 2014“ кој е од меѓународен карактер. “Вечера за глупаци“ е во режија на Димитар Еленов од Бугарија, а во неа учествуваат актери од албанскиот театар додека како гости се појавуваат Флора Кадриу, Амернис Нокшиќи и Исмаил Касуми.