Влегле низ гаража и украле златен накит
04.06.2012 09:28
| KumanovoNews
Непознати лица украле златен накит во куќата на Х.С.(54) од Куманово.

Сопственичката ја пријавила кражбата во сабота попладнe во полиција. Крадците ја отвориле вратата од гаражата и влегле во куќата, по што ги пребарале собите и пронашле 400 евра и златен накит, прстени и ланчиња, со што е причинета материјална штета од 373.900 денари.
СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.