×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово ќе се одржи Меѓународен младински турнир во шах со над 100 учесници

    30.05.2025 08:05 | Оливера Пешевска

    Повеќе од 100 учесници се пријавени за првиот Меѓународен младински шаховски турнир во Куманово, кој ќе се одржи викендов во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово. 

    Во Куманово ќе се одржи Меѓународен младински турнир во шах со над 100 учесници

    Организатори се Градскиот шаховски клуб (ГШК) Куманово и Шаховскиот клуб „Фишер“ од Куманово.

    На турнирот ќе учествуваат шахисти од Македонија, Србија, Бугарија и Косово, во категорија У20, за родени 2005 година или помлади, У10, за деца родени 2015 и У8, за шахисти родени од 2017 година.

    „Иако имаме пријавено повеќе од 100 учесници, во сите возрасни турнири, сепак дел од заинтересираните можат да се пријават и на лице место, пред почетокот на турнирите. Првите партии започнуваат вечерва - петок за У20 категоријата, додека церемонијата за отварање на турнирот е закажана за сабота, со почеток во 13 часот“, вели Сања Трајковска, претседателка на ГШК.  

    На првопласираните ќе им биде доделен пехар, за првите 5 места следуваат медали, а сите учесници на турнирот ќе добијат стокови награди, обезбедени од организаторот.

    Во Куманово за првпат се организира една ваква голема шаховска манифестација, која има за цел да го популаризира шахот.