×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државна матура ќе полагаат 929 ученици од Куманово

    30.05.2025 10:21 | Оливера Пешевска

    Во сабота, државна матура ќе полагаат 929 матуранти од сите средни училишта во Куманово.

    Државна матура ќе полагаат 929 ученици од Куманово

    На првиот екстерен испит се проверуваат знаењата од мајчин јазик на ученикот, а во општината такви тестирања ќе се одвиваат на македонски, албански и српски јазик.

    Испитите ќе се спроведуваат во холовите и спортските сали на училиштата. Ова мерка е преземена заради оневозможување на приликите за препишување на учениците и поголема прегледност и можност за контролирање за тестаторите, а за прв пат беше воведена минатата година.  

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ сите матуранти се пријавени за полагање на државна матура- 220 од нив ќе полагаат на македонски, 10 од нив на српски јазик.

    Гимназијалците, пак од „Сами Фрашери“ ќе полагаат во спортската сала на основното „Бајрам Шабани“, и тоа 161 од нив ќе го полагаат испитот на албански.

    Во средното училиште „Перо Наков“ 90 ученици на македонски јазик и 60 на албански ќе полагаат државна матура.

    „Ние имаме дополнителни 100 возрасни ученици- 9 пријавени за државна матура, 91 за завршен стручен испит, а кои го дооформуваат своето образование. Ова е дополнителна бројка на наши редовно запишани ученици“, објасни директорката Мила Жибак Димковска.

    Од техничкото училиште „Наце Буѓони“ 177 деца ќе го полагаат испитот по македонски јазик, 172 на албански.  

    Од Државното средно училиште „Киро Бурназ“ во Куманово вкупно 30 ученика ќе полагаат државна матура- 25 редовни ученици на македонски наставен јазик, 3 вонредни и 2 ученика на албански јазик. Поради малиот број на пријавени за државна матура учениците ќе полагаат заедно со своите врсници во кумановската гимназија.

    Испитите за оние ученици кои полагаат завршен испит започнуваат по 10 јуни- 297 од нив се пријавени за полагање на завршен стручен испит во сите средни училишта од градот. Со веќе споменатите 91 возрасни, кои сега полагаат, вкупниот број изнесува 388 лица.

    Сите ученици, без разлика каков испит полагаат добиваат сертификати за комплетирање на задолжителното средно образование. Разликата е што се полагаат четири испити на државна матура и тие ученици имаат поголема предност за запишување на некој од факултетите. На завршен испит се полагаат по два испити, главно во стручните средни училишта и насоките со тригодишно образование.