Ја расклопувал воздушната пушка и несакајќи си го повредил синот со дијабола
31.05.2025 13:43
| KumanovoNews
Кумановец си го повредил синот со дијабола додека расклоппувал воздушната пушка.

„На 30. мај во 16.25 часот од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека од нив била побарана лекарска помош за лицето Ф.Д. (21) од Куманово, којшто, според неговото кажување, бил ненамерно повреден од испукана дијабола од воздушна пушка при нејзино расклопување од страна на неговиот татко И.Д.(50) од Куманово. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.