Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово лани поголем е бројот на граѓани кои се доселиле за разлика од оние кои се отселиле.
Се доселиле 419, а се отселиле вкупно 339 граѓани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од доселените 283 се дојдени од друга општина во Куманово, 111 се доселени од друго место во истата општина и 25 се дојдени од други држави. За отселените, 225 отишле во друга општина, 111 се отселиле во друго место во рамки на истата општина, а 3 отишле во други држави.
“Сепак Куманово е каков-таков урбан центар за североисточиот регион. Сеуште има миграции село - град, а тие миграции од други општини може да бидат од соседните Старо Нагоричане, Липково, Ранковце. Тоа што нема масовно иселување покажува дека луѓето сепак тука ја наоѓаат шансата или можеби така е заради привремените вработувања во Ирак, Авганистан“ - вели социологот Зоран Петрушевски.
Во другите региони иселувањето на граѓаните е поалармантно.