Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатите 24 часа регистирани се рекордни 116 новозабоелни од коронавирус. Починати се двајца пациенти на возраст од 61 и 70 години. Според статистиката на Министерството за здравство, оздравени се 26 пациенти, активни се 870, а од почетокот на пандемијата до сега се заразиле 6860 лица.
На ниво на државата регистрирани се уште 1.511 позитивни од 4.445 тестирања, соопшти Министерството за здравство.
Новите случаи се во Скопје – 654, Куманово – 116, Битола – 86, Велес – 68, Прилеп – 64, Тетово – 56, Гостивар – 55, Кавадарци, Штип и Охрид – по 44, Струмица – 38, Гевгелија – 35, Кичево – 25, Неготино -22, Кочани и Радовиш – по 15, Пробиштип – 14, Струга, Свети Николе, Дебар, Берово и Виница – по 11, Валандово – 10, Крива Паланка и Ресен – по 9, Богданци – 7, Македонска Каменица – 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пехчево и Дојран – по 3, Делчево, Крушево и Демир Капија – по 2, Демир Хисар –1.
Починати се 33 пациенти: 13 од Скопје (84,83,77,75,73,68,66,64, 63,63,51 ,42 и 41), по 2 пациенти од Прилеп (79 и 68), Куманово (70 и 61), Гостивар (72 и 69), Кавадарци (88 и 49), Штип (84 и 79), Струмица (86 и 80) и Неготино (81 и 67), а по еден пациент е пријавен од Велес (70), Охрид (79), Струга (72), Гевгелија (58). Триесет пациенти се починати во болнички услови, а двајца во домашни услови.
Регистрирани се 587 оздравени пациенти од: Скопје – 316, Прилеп – 31, Куманово – 26, Велес – 23, Тетово – 22, Кавадарци и Битола – по 18, Гостивар – 17, Неготино -14, Штип, Струмица и Гевгелија – по 13, Крива Паланка – 8, Берово и Крушево – по 6, Кочани, Кичево, Ресен и Пробиштип – по 5, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Охрид, Радовиш, Виница, Валандово и Демир Капија – по 2, Делчево – 1.
Досега во земјата се направени вкупно 625.255 тестирања на ковид-19.
Вкупно ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 130.022, од кои оздравеа 106.979, почина 3.781, а активни се 19.262.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 58218, активни 9654
Прилеп 7061, активни 1078
Куманово 6860, активни 870
Тетово 6329, активни 611.