Во недела започнува летното сметање на времето
25.03.2011 15:05
| KumanovoNews
Во сабота кон недела (27 март), со поместување на времето од 02:00 часот во 03:00 часот, започнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето завршува на 30 октомври во 03:00 часот, кога со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2011 година е донесена на седница на Владата, согласно Законот за сметање на времето.