Во Слупчане изгореа 20 хекрати шума
Повеќе од шеснаесет часа траеше борбата на пожарникарите со огнената стихија во боровата шума во липковското село Слупчане.

Пожарот неколкупати бил ставан под контрола, а потоа повторно распалуван. Во гасењето освен кумановските пожарникари се вклучиле и нивните колеги од Скопје, полицајците од станицата во Матејче, караулата Гошинце и месното население. Изгореле дваесетина хектари борова шума.
Теренот е многу непристапен. Гасевме цел ден и цела ноќ. Завршивме дури утрината во 4.30 часот. Пламенот достигал височина и до 50 метри, а шишарките летале и по 20-30 метри, - раскажуваат пожарникарите.
Причините на пожарот не се познати но се претпоставува дека некој намерно ја пали шумата, бидејќи три пати се палела на три различни места.