Војници се дружеа со хендикепираните деца
25.12.2009 13:06
| KumanovoNews
Војници од касарната „Боро Менков“ денеска ги посетија децата со интелектуална попреченост од дневниот центар „Порака“ Куманово и притоа им врачија новогодишни подароци.

Оваа пријателство започнало пред неколку месеци кога социјалната активност беше насочена кон касарната. Децата се вооодушевени од војниците и секој од нив сонува да стане војник, без разлика дали е машко или женско, тие ги сакаат лицата во униформи. И ова е едно големо доживување за нив затоа што до сега немале вакво искуство - вели Благица Димитровска, претседателка на Центарот за лица со интелектуална попреченост Порака Куманово.