×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За еден месец три пати се чистeше депонијата во „Перо Чичо“, жителите се правдаат немале доволно контејнери

    01.06.2020 07:51 | KumanovoNews

    Откако изминатиот викенд, екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ од Куманово ја чистеа дивата депонија на влезот на населбата „Перо Чичо“, за неполна недела истата локација е затрпана со ѓубре.

    За еден месец три пати се чистeше депонијата во „Перо Чичо“, жителите се правдаат немале доволно контејнери

    Директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски, вели дека депонијата се чистела трипати за еден месец, но дека проблемот не може да се реши без казнување на граѓаните коишто ја создаваат. Апелира до совесните граѓани да ги сликаат и пријават луѓето коишто фрлаат смет и да ги испратат податоциите до него, а тој потоа ќе ги препрати до надлежните инспекциски органи.

    „Изминатиот период во неколку наврати имаше палење на дивата депонија пред влезот на населбата „Перо Чичо“, односно кај маректот Туш. Ние пред околу месец дена, заедно со Општина Куманово, извршивме детално чистење на таа депонија којашто се чисти по не знам кој пат. Меѓутоа на истата локација повторно можеше да се забележи поголема количина на смет. Противпожарната бригада интервенираше во неколку наврати, а ние како jавно претпријатие повторно излеговме и горниот дел, односно горната платформа на таа депонија ја исчистивме“, додава Стојчевски.

    Жителите од околните куќи признаваат дека тие создаваат голем дел од сметот, но тврдат дека и сопственици на култуватори носат ѓубре од другите делови на градот и го исфрлаат тука.  Тие се правдаат дека депонијата се создава затоа што немаат доволно садови за смет, имаат само еден голем контејнер кој е оштетен од последниот пожар. Апелираат до надлежните да поработат на решавање на овој проблем.

    „Ѓубрето од дворовите се собира од екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“, но многубројните семејства и големиот број на куќи на мал простор создаваат дополнителен смет кој нема каде да се складира. Свесни сме дека ова е лошо, и ние не сакаме да живееме во ѓубре. На секој пожар ние први се гушиме од чадот. Сакаме да се реши овој проблем и апелириме до Општината и јавното претпријатие да ни донесат контејнери и помали канти за ѓубре и редовно да го изнесуваат“, велат жителите од околните куќи.

    Од инспекциските служби велат дека тие редовно излегуваат на терен по сопсвена иницијатива и кога ќе добијат дојава за непрописно фрлање на смет или палење на депонијата, но најчесто граѓаните бегаат или не сакаат да се легитимираат и нивните обиди за казнување се безуспешни. И тие потврдуваат дека сопствениците на култиватори создаваат диви депонии по градот, но во санкционирање на прекршителите треба да се вклучи и полицијата, за да има резултати.  

    Депонијата во местото викано „Бараки“ во населбата „Перо Чичо“, покрај од еколошки аспект го загрозува и здравјето на луѓето, бидејќи голем број на деца секојдневно се играат тука, а граѓаните мораат да поминат низ ѓубрето за да стигнат во градот.

    Дополнителен проблем е што жителите од околните населби ги користа истите патеки, поради долгата санација на мостот на улицата „Ѓорче Петров“, која е затворена за пешаци.

    (Ф.М.-Д.Д.)