×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање
  • Политички маркетинг

  • Амбасадорката на Холандија во посета на Транзитниот центар Табановце

    28.10.2025 21:52 | KumanovoNews

    Амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, го посети Транзитниот центар за мигранти во Табановце, Општина Куманово. 

    Амбасадорката на Холандија во посета на Транзитниот центар Табановце

    На средбата присуствувале и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и раководителот на Секторот за операции и координација, Горан Стојановски.

    Главна тема на разговор било функционирањето на националниот систем за одговор во услови на кризни состојби, особено во ситуации поврзани со миграциските движења.

    Се разговарало за подобрување на институционалната координација, комуникацијата меѓу надлежните служби и грижата за мигрантите, со акцент на почитување на меѓународните договори и протоколи.

    „Институциите остануваат целосно посветени на исполнување на задачите што произлегуваат од потребите за одговор, превенција и справување со сите ризици што можат да го загрозат животот, здравјето и безбедноста на граѓаните,“ изјави директорот Али.

    Амбасадорката Џанел ја истакна континуираната поддршка што Холандија ѝ ја дава на Македонија и ја нагласи подготвеноста за понатамошна соработка во справувањето со кризни и миграциски ситуации.