×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна со работа Градската библиотека во Куманово

    06.07.2020 09:00 | KumanovoNews

     Градската библиотека „Тане Георгиевски“ во Куманово, од денеска започнува со работа со корисници. Услугите на библиотеката како што се позајмување или враќање на книги, обновување на членството и запишување на нови членови, корисниците ќе можат да ги добијат од 8 часот до 16 часот попладне.

    Започна со работа Градската библиотека во Куманово

    Согласно донесената одлука од страна на Владата,  при влезот во институцијата ќе мора да се носи лична заштита на лицето, да се одржува физичко растојание и да се врши редовна дезинфекција на рацете.

    „Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници. На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот. Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање. Искрено се надевам дека ќе наидеме на разбирање кај нашите корисници, бидеји здравјето е на прво место“, соопштува директорката Христина Алексовска.

    Читалната нема да работи, се` до добивање на нови упатства од страна на надлежните органи.

    Од библиотеката, согласно добиените задолженија, ќе треба да се врши регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе. Тие треба да обезбедат средства за дезинфекција за посетителите, да одредат лица за спроведување на контрола за мерките пред влезот и во самата институција и да вршат редовна дезинфекција на просторот.

    (Ф.Марковска)