Започна учебната година за 17.000 ученици во Куманово
Започна учебната година за 17.000 ученици во општина Куманово, потврдуваат од секторот за образование во општина Куманово.

Од нив 11.000 се основци, и околу 6000 се средношколци. Сите училишта се подготвени за почеток на учебната година.
“Според очекувањата и покрај малите отстапувања особено во основното образование, бројката има мала тенденција на намалување, но не е тоа драстично. Сеуште се запишуваат деца во основно меѓутоа и во средни училишта. Во прво одделение имаме запишано 1183 деца досега. Според списоците недостасуваат уште 400 деца, причините ќе ги истражуваме во наредните денови и ќе излеземе со поточна информација која е дефинитивната бројка и кои се причините за незапишување“- рече Жика Крстевски, од секторот за образование во општина Куманово.
Крстевски на учениците и на наставниците им посака успех во новата учебна година.