Затворен случајот „Липковска брана„
22.09.2011 12:20
| KumanovoNews
Јавното обвинителство се откажа од гонење на одговорните во хашкиот предмет „Липковска брана“.

Тоа значи дека и официјално е запрена истрагата за осомничените за затворање на браната кај Липково во 2001 година. Дали повторно ќе се бара одговорност на лицата кои го оставија Куманово без вода за пиење ќе зависи од одлуката на Уставниот суд. Таму се поднесени две иницијативи, но се најавуваат уште две: од мавровските работници и од здружението на роднините на киднапираните тетовци.