×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Здружението на бранители организира одмор за членовите

    03.07.2013 07:52 | KumanovoNews

    Здружението на бранители “2001 - Куманово“  и годинава организира одмор за своите членови и нивни симпатизери во Претор на Преспанско езеро. 

    Здружението на бранители организира одмор за членовите

    Цените се доста поволни за сместување во бунгалови, во камп приколки, ефтино е за деца. Одморот опфаќа 7 ноќевања, единствено бранителите треба сами да го организираат превозот до летувалиштето. Бројот на места е ограничен и оние кои се заинтересирани треба навреме да се пријават. Ова го организираме петта година по ред и сите кои сакаат да се дружат со бранителите нека повелат - вели Предраг Петрушевски, претседател на здружението. 

    Летниот одмор за бранителите ќе биде во терминот од 5 до 12 август, а заинтересираните можат да се пријават кај претседателот на “2001 - Куманово“, Предраг Петрушевски на телефонскиот број 070 487 412.