Зголемена потрошувачката на вода
12.08.2014 07:35
| KumanovoNews
Поради високите температури зголемена е потрошувачката на вода во градот.

Во Куманово во последниве 24 часа во просек се трошат од 330 до 350 литри вода во секунда, информираат од ЈП “Водовод“.
Во овој период кога имаме високи температури, нормално и потрошувачката на вода се зголемува и се движи од 330 до 350 л/с. Ноќе потрошувачката опаѓа, дење се зголемува. Бидејќи е топло повеќе се полеваат бавчи, зелени површини - вели Дарко Петковски, раководител на технички сектор во “Водовод“.
Тој вели дека вообичаено во текот на годината кога температурите се пониски се трошат од 250 до 270 л/с.