×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Злоупотреба при продажба на градежно земјиште во Којнаре?

    06.11.2013 14:40 | KumanovoNews

     Советниците од СДСМ  го обвинија Министерството за транспорт и врски дека продало земјиште во атарот на селото Горно Којнаре по пониска цена од пазарната, со што ја оштетило државата и општината за вкупна вредност од 8 милиони денари.

    Злоупотреба при продажба на градежно земјиште во Којнаре?

    Претседателот на Советот Максим Димитриевска на денешната седница излезе со тврдења дека земјиштето со површина од 42.412 квадратина на кое треба да се простира економска зона во селото Речица е продадено цена по 1 евро за квадрат иако истото чини над 200 денари.

    Утврдивме дека постојат можности за евентуална злоупотреба направена од страна на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со продажба на градежни парцели во рамките на оваа индустриска зона и непочитување на правилникот за утврдување на цена при продажба на државно неизградено земјиште по пат на јавна лицитација. Поконкретно има продадено 4 парцели каде што почетната цена согласно правилникот треба да биде повеќе од 200 денари, а всушност е спроведена постапка по цена од 61 денар. Истрагата нека утврди дали тука има простор за злоупотреба од страна на поединци. - изјави Димитриевски.

    Советниците од ВМРО - ДПМНЕ велат дека ако имало неправилности требало веднаш да се реагира.

    Нашите политички противници и мнозинството бара афери и таму каде што ги нема. Затоа и беше најавена афера од размери на “Бачило“, меѓутоа претседателот на Советот многу згреши бидејќи се постави во улога на обвинител, судија. - рече Мирослав Стојановски, координатор на советничка група на ВМРО - ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија.

    Тој праша зошто на договорот стои и потписот на градоначалникот Зоран Дамјановски, ако е виновно само Министерството.

     Откако го добив неизграденото државно земјиште на менаџирање, со трансфер на надлежности добив 200 или 300 предмети кои морав да ги солемизирам. Постапките веќе беа завршени. Јас не можам да вршам контрола на органи повисоки од мене. - објасни Дамјановски.

    Земјиштето во селото Горно Којнаре, од левата страна покрај автопатот Куманово-Табановце,  мината година го купиле бизнисмени од липковско и на него е предвидено да се градат фабрики за лесна незагадувачка индустрија.

    За иста иста намена и на истата локација минатат недела беше распишан оглас за продажба на државно земјиште по цена од 283 денари за метар квадратен.

    Советниците  денеска изгласаа заклучок со кој треба да се испита дали продажбата е направена согласно законите.

    За правата точка од дневниот ред се дискутираше 5 часа, при што постојано се бараа паузи и консултации што да се преземе.