Бизнисмен наместо во УЈП, 1500 евра платил на изманици Скопјанец и кумановец, излажале бизнисмен дека ќе му помогнат да не плати казна од УЈП за што му зеле 1500 евра.
Денеска е Светскиот ден на мајчиниот јазик 21 февруари е Светски ден на мајчиниот јазик, а повеќето кумановци сметаат дека македонскиот литературен јазик недоволно се почитува.
“Спореден влез“ подготвен за печатење Наскоро ќе излезе од печат новиот број на списанието “Спореден влез“, кое го подготвуваат учениците од гимназијата „Гоце Делчев„, а обработува теми поврзани со активностите во училиштето, случувањата во градот и пошироко.
Се собираат потписи за Ангелов и Ванковска Во Државна изборна комисија во Куманово, за претседателска кандидатура на Стојанче Ангелов од “Достоинство“ се потпишале 90 граѓани, а за професорката Билјана Ванковска 55 граѓани.
100.000 кумановци добиле електронски здравствени картички Електронските здравствени картички ги подигнале 99.382 осигуреници во Куманово.
Кумановци зеле 6000 евра за наводни вработувања во МВР Ж.И.(54) и В.И.(42) од Куманово измамиле двајца сограѓани ветувајќи им вработување на нивните деца во Министерството за внатрешни работи.
“Класје на добрината“ ќе ги помага сиромашните деца Невладината организација “Класје на добрината“ ќе донира облека за сиромашните деца и децата без родители во Куманово и Липково, како дел од проектот за облекување на 8.000 деца во Македонија.
Поседувале и носеле оружје без дозвола Во три одделни случаи, полицијата пронашла два пиштоли и пушка кои сопствениците ги поседувале без дозвола.
Лалиња, ириси и нарциси ќе се садат на Градски плоштад Вработените од ЈП “Чистота и зеленило“, деновиве ќе засадат нови видови цвеќе на Градскиот плоштад и ќе ги обноват садниците на Градскиот кеј и во двата парка.
“Просидба“ во Народниот театар Претставата “Просидба“ од Чехов, во режија на Кети Дончевска Илиќ, актерите на кумановскиот театар вечер и утревечер ќе ја играат пред учениците од средното училиште “Перо Наков“ и Гимназија “Гоце Делчев“.
Над 100 слободни работни места во Куманово На интернет страната на Агенцијата за вработување, објавени се над 40 огласи за вработување со повеќе од 100 слободни работни места.
Основачко собрание на Српската партија во Македонија Новата Српска партија во Македонија за 28 месецов ќе одржи Основачко собрание.
Изложба на слики и графики од Детскиот ликовен камп Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” задутре во 19 часот ќе биде отворена триенална изложба на слики и графики од Детски ликовен камп АСНОМ.
Регионален натпревар за нано материјали во “Гоце Делчев“ Во Гимназија “Гоце Делчев“ денеска се оддржува регионален натпревар за нано материјали на кој учествуваат 14 екипи од повеќе градови.
Стечајците бараат оставка од Живко Митревски Стечајните работници од здружението УНИТ бараат оставка од првиот човек на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски бидејќи вчера во Скопје не се сретна со нив.
Физичкото воспитание дава резултати кај лицата со хендикеп Лицата со посебни потреби три месеци посетуваат часови по физичко при што се гледаат првите резултати од физичката активност.