Песни на кумановски поети препеани на словенечки јазик
Песните на четворица поети од Друштво на писатели Куманово, учесници во групната збирка “Деца на сонцето“ се препеани на словенечки јазик.
Песните на четворица поети од Друштво на писатели Куманово, учесници во групната збирка “Деца на сонцето“ се препеани на словенечки јазик.
СВР Куманово има потреба од ангажирање на двајца волонтери, еден од факултет за правни и безбедносни студии и еден од областа на економски студии.
Во петок се паѓа Духовден и тој ќе биде неработен ден за верниците од православна вероисповед.
Учениците од четврто до осмо одделение во основните училишта и од прва до трета 3 година во средното образование од денеска ќе ги полагаат екстерните тестови.
Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер во 20 часот пијано концерт ќе одржат студентите по пијано Иван Трајковски и Анастасија Грговска.
Жителите на кумановското село Љубодраг, денеска два часа го блокираа стариот пат Куманово-Скопје, барајќи од надлежните државни институции да не дозволат да се приватизира Задружниот дом во селото.
При судир на два мотори, синоќа на улицата Доне Божинов, три лица се полесно повредени.
Пет шлепери медицинска опрема доби Куманово од европските моторџии. Опремата е наменета за Општата болница, Домот за стари лица Зафир Сајто и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.
Горан Димитријевиќ од вчера е нов в.д. директор во гимназијата “Гоце Делчев“.
Меѓународната ликовна колонија “Куманово 2012/2013“ гостува во Крива Паланка.
Донација со медицински апарати од “Еуро бајкер“ од Германија, утре ќе биде предадена во Општа болница, Домот за стари лица “Зафир Сајто“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби кај Чик.
Осум волонтери од Црвен Крст Куманово, викендов ќе се натпреваруваат на мали олимписки игри во Охрид.
Во Куманово во последните неколку години двојно е зголемен бројот на заболени од карцином на бели дробови, тврдат лекарите.
Даночниот шалтер на УЈП на 24 јуни од 10 до 15 часот ќе биде пред зградата на Општина Старо Нагоричане.
Без струја денеска од 8 до 17 часот ќе бидат пет села во Општина Липково.
Двајца кумановци вчера се фатени додека со камиони додека недозволено превезувале песок во кратовско.