Изложба на карикатури “Струмица 2013“ Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утре ќе биде отворена изложба на Меѓународниот фестивал на афоризми и карикатура “Струмица 2013“.
ВМРО-ДПМНЕ: Гласот на граѓанинот нема цена Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ги отфрлаат наводите на шефот на изборниот штаб на СДСМ Оливер Спасовски, изнесени на вчерашната прес-конференција, дека вработени во државните институции ја злоупотребуваат својата позиција и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Наврнаа над 30 литри дожд - се излеа Пчиња Во текот на изминатите 24 часа во Куманово и кумановско, наврнаа 30,6 литри дожд на метар квадратен, што предизвика зголемен водостој на реките и излевање во некои села.
Три куршуми завршиле во нозете на девојката М.З.(27) од Куманово, денеска е ранета со три куршуми во нозете во месноста Менкова Колиба на периферијата на Куманово.
На Менкова колиба ранета девојка Девојка од Куманово е ранета на периферијата на Куманово, откако во неа било пукано со огнено оружје.
Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ги заплашува и ги поткупува гласачите Шефот на изборниот штаб на СДСМ, пратеникот Оливер Спасовски, денеска обвини дека вработени во државните институции ја злоупотребуваат својата позиција и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе заживеат ли студиите по геодезија? Министерот за образование, Панче Кралев денеска при посетата на Куманово објасни дека дисперзираните студии по геодезија не заживеале, бидејќи немало интерес од студентите.
ОУ “Јероним де Рада“ ќе добие спортска сала Министерот за образование, Панче Кралев денеска со кандидатот за градоначалник, Зоран Ѓорѓиевски го посетија ОУ “Јероним де Рада“ во Черкеско село, каде ветија изградба на спортска сала и реновирање на училиштето.
Еко-маскенбал во „Христијан Карпош„ Учениците од основното училиште „Христијан Карпош„ во населбата „Перо Чичо„ со еко-маскенбал го одбележаа Денот на шегата.
Техничкото училиште се претстави на фестивал за наука во Ниш Техничкото училиште “Наце Буѓони” се претстави на еден од најпознатите фестивали во регион “Науката не е баук” во Ниш.
Зголемен водостојот на Пчиња кај Добрешане Од Центарот за управување со кризи велат дека во текот на вчерашниот ден и ноќта наврнале 9,5 литри дожд на метар квадратен.
Малолетници претепале момче во Черкеско село В.Л.(18) од Черкеско село, синоќа бил претепан од три малолетни лица, пред интернет кафе „Скајп“.
УМС со пародија за СДСМ го одбележа 1 Април Членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, за празникот на шегата, денеска на Градскиот плоштад направиа пародија на сметка на нивните политички опоненти, и упатија критики за работењето на локалната власт, предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски.
Ѓеорѓиевски вети нов зелен пазар во “Гоце Делчев„ Кандидатот за градоначалник од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ Зоран Георгиевски, денeска го посети зелениот пазар во Куманово, од каде што вети изградба на ново реонско пазарче во населбата Гоце Делчев.
Дамјановски вети нов „Бувљак„ Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Зоран Дамјановски денеска го посети дивиот пазар за стари работи, кај спортската сала во Куманово и вети негова дислокација на другата страна од Кејот.
Регионален натпревар по математика во “Браќа Миладиновци„ Основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска е домаќин на 31- от регионален натпревар по математика, на кој учествуваат ученици од основните училишта од четврто до осмо одделение од Куманово, Кратово и Старо Нагоричане.