Нова експозитура на ТТК банка кај Зелениот пазар ТТК банка утре отвара нова експозитура во Куманово. Банка ќе биде лоцирана на ул. „ЈНА„ бр.102, во близина на Зелениот пазарот и ќе работи со физички и правни лица.
Кумановци избегнуваат воз, патуваат со автобус Патувањето со воз е поевтино, но повеќето граѓани преферираат автобуски превоз. Од Железничката станица во Куманово велат дека оддалеченоста од градот е причина поради која патниците поретко се одлучуваат да патуваат со воз.
Кумановските печалбари незаинтересирани за сопствен бизнис Центарот за економски анализи направи истражување, кое покажува дека дури 60 проценти од граѓаните кои работат во Ирак и Авганистан немаат намера да вложуваат во родниот град. Тие немаат бизнис познавања или сметаат дека нема поволности за отворање на фирма.
Камион повреди шестмина сватови во Пуковско Додека на улицата се формирала свадбена колона автомобили, наишол разлутениот камионџија и со камион повредил шетмина, од кои еден завршил во болница.
Прво атеље за уникатен накит во градот Сопствeничка на атељето „Мулиер„ е Ивана Трајковска, која пред еден месец на меѓународен натпревар за дизајн во Софија освои второ место за уникатен накит.
Тројца производители на цвеќе во кумановско На прсти можат да се избројат одгледувачите на цвеќе кои се присутни во кумановскиот крај. Ги има само неколку и тоа во село Војник, Стрезовце и населбата Карпош.
Хируршката амбуланта во очајна состојба Лекарите од хируршката амбуланта при Општата болница Куманово се пожалија на министерот за здравство Никола Тодоров дека работатат во мизерни услови и во простор и опрема која е стара над триесет години, а имаат работа преку глава.
Подмладоците иднина на партиите Политичките партии својата иднина и просперитет ја гледаат во млад, квалификуван и перспективен кадар.
Фалсификувал шасија на камион Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.М.(34) од с.Черкези-кумановско за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Отворен современ салон на Пежо во Куманово Компанијата Пежо синоќа отвори салон за автомобили во Куманово. Фирмата „Васе Старт“ стана овластен дилер на Пежо мрежата во Македонија на „Еуроимпекс“, генералниот увозник на Пежо за Македонија.
Стечајците најавуваат протести Стечајните работници и технолошки вишок, за две недели ќе излезат на протести пред Владата и Собранието на РМ.
Почнува дезинсекција на јавните површини Првата фаза на дезинсекција почнува утре. Целта е да се спречи размножувањето на крлежите кои можат да предизвикаат заразни болести.
Кумановските печалбари незаинтересирани за сопствен бизнис Центарот за економски анализи направи истражување, кое покажува дека дури 60 проценти од граѓаните кои работат во Ирак и Авганистан немаат намера да вложуваат во родниот град. Тие немаат бизнис познавања или сметаат дека нема поволности за отворање на фирма.
Министри ќе го решаваат водоснабдувањето во Куманово? Директорот на ЈП“Водовод“, Виктор Божиновски очекува премиерот и ресорните министри да извршат притисок врз раководството на Водостопанство за го пуштат стариот вод т.н бај пас и да се обезбеди вода во повисоките зони.
Претседателот Иванов на крводарителска акција Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, по повод Светскиот ден на крводарителството утре ќе ги поздрави крводарителите во Куманово.
Синдикалните организации се обединија Со измените на Законот за правни субјекти кои се направени пред неколку месеци, синдикалните организации во училиштата треба да плаќаат по 6000 денари за фирмарина, плус сметки за радиодифузна такса.