Кумановец во појасот “спакувал“ 1,3 килограми хероин А.М.(25) од Куманово, вчера е фатен на градничниот премин Богородица, со 1.3 кила хероин, кој го сокрил под појасот на половината.
Грабнато и претепано момче поради сообраќајка Четворица кумановчани грабнеле и претепале момче, откако предизвикале сообраќајка и не сакале да ја пријават во полиција.
Нова туристичка агенција во градот Новоотворената туристичка агенција Travel Gate од Куманово е застапник на туристичката агенција Аурора Турс од Скопје.
Граѓаните ретко ги посетуваат планинарските домови Планинарите од Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ се најчести посетители на планинарски домови, а поретко во овие природни убавини уживаат и извидниците. За разлика од нив граѓаните немаат навика да одмараат на планина.
Отворен салон за убавина “Spa Divine„ Припадничките на понежниот пол, од денеска ќе можат да го негуваат своето лице и тело во прекрасниот амбиент на новоотворениот салон за убавина "Spa Divine".
Мобилни даночни шалтери во Старо Нагоричане Пред зградата на Општина Старо Нагоричане, утре ќе бидат поставени даночни шалтери од УЈП, кои имаат за цел на жителите да им го доближат и појаснат плаќањето на даноци.
Книговодителите следеа обука за е-даноци Регионалната канцеларија на УЈП спроведе уште една обука за сметководители и книговодители во просториите на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.
Го истепала сопругот и неговата љубовница Кумановка го истепала сопругот, а потоа се пресметала и со неговата љубовница, откако дознала дека се во љубовна врска.
Крадци ги гаснат уличните светилки? Граѓаните се жалат на ќор темнина кај зградата на Општината, во населбата „Гоце Делчев„, но и на периферијата на градот.
Во Општината фали дневен престој за учениците со посебни потреби Дефектолози кои работат со учениците со посебни потреби, денеска побараа од надлежните институции во државата да создадат услови за отворање на продолжен престој во училиштата за оваа категорија на деца.
Насилници без причина претепале четири момчиња Петмина пијани кумановци претепале четири момчиња пред ресторанот “Рим-Париз“ во Куманово.
Лекарите бараат повисоки плати за сите здравствени работници Откако минатата недела се прошири информација дека платите на медицинските сестри ќе се намалат за сметка на лекарите, тие велат дека се работи за шпекулација и тврдат дека нивното барање за зголемување на платите се однесува на целокупниот медицински персонал.
Од петок потписи за поевтина струја Од крајот на неделата па до втората половина на јануари, во просторија до салата за венчавање во Општината, граѓаните со потпис ќе можат да ја поддржат петицијата на “Аман“ за поевтинување на енергенсите.
Кумановец изработува уникатна резба на кожа Кумановецот Вањо Костиќ (48) единствен на Балканот рачно изработува ледер крафтинг или уметничка резба на кожа.
Во сабота се празнува Св. Климент Охридски На 8 Декември, сабота се прославува празникот ,,Св. Климент Охридски,, кој е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
“Аман“ и стечајците бараат евтина струја До крајот на јануари стечајците со помош на граѓанската иницијатива “Аман“ треба да соберат 10.000 потписи и да издејствуваат враќање на евтината тарифа, поевтинување на струјата и на другите енергенси.